Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од Владата 100 дена пред избори

1416

100 дена пред новите предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од Влада која што ќе ги спроведе и тоа ќе биде дел од условите што ќе ги содржи новиот изборен законик.

Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата Топ Тема

– Како што тоа беше услов претходно за време на предвремените избори во 2016-та година така ќе биде и сега. Тоа го кажавме веднаш после завршувањето на локалните избори, го имам повторено во најмалку две интервјуа и еве и сега јасно и гласно го кажувам. Како опозиција мора да се чувствуваме комотно за време на избори. Мора да имаме фер избори и нашето учество во новиот изборен законик тоа треба да го гарантира – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...