Мицкоски: Tргнуваме на терен и ќе понудиме алтернатива на граѓаните (ВИДЕО)

243

Во Македонија не се живее подобро. Стануваме држава каде сиромаштијата расте, стандардот опаѓа, а корупцијата е највисока во Европа, изјави на прес- конференција Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, СДСМ и Зоран Заев донесоа изместени вредности во политиката и секојдневното живеење. Погледнете, најпрво го узурпираа собранието, ги прекршија сите можни процедури во собранието само за да го донесат неуставниот закон за јазици, и откако на сила го изгласаа, а Претседателот Иванов се одлучи да го заштити Уставот тие тргнаа во офанзива да го напаѓаат дека го крши уставот. И ова е еден доказ за изместените вредности.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ нуди алтернатива на граѓабите.

– Спремаме најдобра програма досега, со тим домашни и странски експерти. Се екипираме. Се приклучуваат многу нови луѓе. Многу брзо ги обзнануваме и ќе ги обзнаниме советите кој што ќе членуваат професори истакнати професионалци, академици. Работиме да му понудиме на народот алтернатива. Ја информираме јавноста дека исто така продолжувам со теренските посети. Природната средина на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде теренот меѓу граѓаните. Гласот на народот мора да биде слушнат, ќе разговараме и понудиме решенија. Остануваме со народот во сите предизвици и заедно ќе дојдеме до излезот кој ќе значи оваа власт да си замине – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...