Мицкоски: Не се враќаме во Собрание додека нема одговорност за приведените пратеници (ВИДЕО)

629

Сè додека нема одговорност за привредувањето на пратениците, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по денешната двочасовна средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој додаде дека од математичка и политичка причина не можат да учествуваме во работата на Собранието.

– Никој засега нема понесено одговорност зошто некој применил таков чекор, без да им биде симнат имунитетотда ги привел пратениците, ги држел во лисици, ги понижил пред македонската јавност и затоа сè уште немаме никаква одговорност, кога ќе имаме одговорност ќе дискутираме кои ќе бидат нашите идни чекори. Мора некој да сноси одговорност за тој чин – изјави Мицкоски.

Тој рече дека имале конструктивна средба со Ахмети, кој дошол да му го честита изборот за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е ориентирана за интеграција во ЕУ и НАТО и дека ќе ги поддржат реформте.

– Ќе придонесеме и човеки, но и од поинаков капациет – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

И Мицкоски вели дека не разговарале за детали, прашан за Законот за јазиците. Тој изјави дека средбата не била за преговори за овој закон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...