Мицкоски: Нацрт спогодбата за името е соло игра на Заев

231

Таман помисливме дека ќе престане да дава изјави поврзани со спорот кој што нашиот јужен сосед го има со нашето уставно име, видовме дека уште еден гаф се случи, а тоа е предлог – спогодба која што Зоран Заев и министерот за надворешни работи Димитров пред некој ден ја доставиле до соседна Грција без воопшто да се консултираат за нејзината содржина со ВМРО-ДПМНЕ и за тајмингот кога таа предлог спогодба ќе ја поднесат, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека не ја гледа суштината на идните лидерски средби освен ако нема некој нов момент за кој што треба да не информираат. Оцени дека станува збор за една загрижувачка ситуација во државата.

– Станува збор за една соло игра на господинот Зоран Заев поддржани од господинот Димитров, Министерот за надворешни работи и ако таа спогодба треба да биде спогодба на Зоран Заев со Грција, тогаш ние само така можеме да разбереме бидејќи ние навистина не сме учествувале ниту во нејзината содржина нити пак во тајмингот кога истата е предадена – изјави Мицкоски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...