Мицкоски му предлага на Заев: Поддршка од ВМРО – ДПМНЕ, ако се откаже од Законот за јазици

Мицкоски смета дека постојат два начини да се надмине проблемот со донесувањето на законот.

1600

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Моцкоски во интрервју за Сител му предложи на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев да се да се откаже од донесувањето на  Законот за јазици во замена за подрршка на реформите.

-Ако чесно и добро и мисли на Република Македонија и ако навистина се декларира како реформски политичар, тогаш да продолжиме со процесот на реформи, бидејки тие се вистинскиот приоритет за развојот на Република Македонија. Ако Зоран Заев има концесија, еве ние како политичка партија како ВМРО – ДПМНЕ и ако е уценет дека преку таа концесија ќе му се распадне владата и ако има договор за да остане владата, еве ние како ВМРО – ДПМНЕ му се нудиме со нашите парламетарни пратеници да ја поддржиме неговата Влада во сите овие реформски процеси, под еден услов да го тргне Законот за јазици од собраниската процедура – вели Мицкоски.

Мицкоски рече дека постојат два начини да се надмине проблемот со донесувањето на законот.

-Првиот начин е да се формираат работни групи, да се разгледа како може тој закон да се направи уставен и применлив.Вториот е ако решат насила со дивијантно однесување да ги срушат сите процедури во Собранието, да одат спротивно на деловникот, законите и уставот и на насилен начин да извршат терор врз демократијата и да го протнат законот незаконски, тогаш имам две работи да му порачам на господинот Зоран Заев – вели Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...