Кривична пријава за претседателот на Собранието, Талат Џафери и иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазици до Уставниот суд ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес конференција претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Мицкоски изјави дека кривичната пријава против Талат Џафери е за флагрантно кршење на Уставот и на законите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека партијата ќе поднесе и иницијатива до Уставниот суд за да се произнесе за уставноста за овој закон.
– Ова безредие нема да трае вечно, злосторниците ќе одговараат за своите злодела. ВМРО-ДПМНЕ останува на бедемот на државните интереси, рече Мицкоски
– Денес СДСМ, Зоран Заев и владејчкото мнозинство ја поништија волјата на граѓаните. Овој чекор на СДСМ е само патување кон дното во кое сакаат да не понесат сите нас. Од оваа одлука, никој ниту денес ниту утре ќе живее подобро. Само затоа што две партии меѓусебно се договориле, изгласаа Закон кој е неуставен, неприменлив и штетен. Договорен меѓу две партии СДСМ-ДУИ, но тоа не е договор одобрен од граѓаните – рече Мицкоски.
Тој потенцира дека не е погазено само правото, туку и дека ваквиот чекор на носење на закон е удар и врз соживот.
-Некој свесно не турка одново во непосакувано сценарио во кое влогот е Република Макеоднија. Држава во која правото не владее и не е приоритет. Безаконието станува практика и начин на управување. На оваа влада најсилен приоритет и стануваат договорите штетни за државата, но не и економскиот раст и европската иднина. Власта претходно ги одби и остана нема на сите наши напори да не се донесе овој закојн и да се ибегне ова сценарио – нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.