Мицкоски го „вади“ Груевски дека реагирал емотивно

2212

При емотивни ситуации се случува реакција. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го оправда однесување на пратеникот и екс-лидер, Никола Груевски кога тој тргна физички да се пресмета со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Јас во текот на вчерашниот ден го предвидев сценариото кое Талат со поддршка на Заев ќе го спроведе во Собранието . Во состојба на емоции се случува реакција. Ова беше тежок ден за Собранието на Република Македонија – рече Мицкоски.

Тој изјави дека нема да ја напуштат преговарачката маса за реформските закони.

– Многу пати сме кажале дека има два услова ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието, а тоа се политички и математички. ВМРО-ДПМНЕ нема да ја напушти масата за преговори за таканаречените реформски закони. Некој со ова сценарио сакаше ВМРО-ДПМНЕ да го избрка од масата и ние тоа нема да го дозволиме и нема да направиме ништо што е спротивно на интересите на Република Македонија- одговори Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...