Мицкоски: Ахмети се однесува насилнички

1224

Едно националната агенда е приоритет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан како ја коментира изјавата на Ахмети дека законот за јазици, со или без потпис од претседателот на државата Иванов ќе биде донесен.

– Тоа е став на г-динот Ахмети кој што и понатаму им пркоси на законите и Уставот на Република Македонија. Се гледа дека едно националната агенда е негов приоритет. Не се приоритет реформите кои што ќе значат квалитет во животот на сите граѓани во Македонија. Продолжува со насилничкото однесување. Продолжува да ја наплаќа концесијата која што Зоран Заев ја има кон Ахмети, а тоа е резултат на ова 10 месечно катастрофално владеење во Република Македонија. Како човек како интелектуалец, се разбира насилство и закани не можам да оправдам. Ниту ова го оправдувам, се разбирам. Ме чуди како не можат некои луѓе да се стават над ситуацијата и да ги гледаат интересите на сите граѓани во оваа држава, на сметка на интересите на една нација. Со еден збор, трагично е тоа што го слушам – рече Мицкоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...