Министерката за надворешни работи на Хрватска денеска во Скопје

163

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања на Хрватска Марија Пејчиновиќ Буриќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, Пејчиновиќ Буриќ и Димитров ќе имаат тет-а-тет средба со министерот Димитров по која ќе следат разговори во состав на длегациите на двете земји. Таа ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.

На средбата се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи, како и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со акцент на економската соработка. Исто така, ќе бидат разгледани можностите и чекорите за натамошен напредок на регионалната соработка во контекст на европската интеграција, наведуваат од МНР.

Пејчиновиќ Буриќ, синоќа, според хрватското МНР, имаше средби со претставници на Заедницата на Хрватите во Република Македонија и со хрватски стопанственици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...