Во ООУ „ Братство“ во Тафталиџе 2, организацијата „НАНСЕН дијалог Центар-Скопје“, со група ученици, од училишта во Италија, Словенија и Хрватска, одржаа мултикултурен проект на меѓусебно запознавање на учениците и наставниците со нивните врсници и колеги од овие држави, соопшти Општина Карпош.
Иницијативата е размена на искуства и идеи помеѓу мултикултурни и мултиетнички училишта, како и имплементирање на истите во наставниот процес за поголема образовна инклузија на основците.
Оваа група, составена од 25-30 ученици, во Македонија, како дел од оваа иницијатива, престојува од 26-28 март, и освен посетата на мултикултурното карпошово училиште, ќе ги посети и канцелариите на „ НАНСЕН дијалог Центарот.
Покрај посетата на училиштето „Братсво“, учениците од овие земји ќе посетат мултикултурни основни и средни училишта во Тетово, Гостивар, Охрид и Скопје, каде што ќе разменат меѓусебни искуства и ќе отворат можности за збратимување.
Проект е поддржан од Еразмус програмата, а во рамките на оваа меѓудржавна посета се вклучени ученици од училишта од Осијек, Вуковар и Дарувар.