МИЛЕВСКИ Не го затворајте ски-центарот Копанки! (ВИДЕО)

Тоа што за директорот на ЕЛЕМ е трошок, за жителите на Битола е здравје.

1411

Како пратеник на ЛДП и битолчанец жестоко ја осудувам и ја отфрлам одлуката на генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миноски, да го затвори ски центарот “Копанки” поради, како што објавиле, топење на снегот, што е класична измама и секој кој уживаше на патеките на Копанки овој викенд знае дека тоа не е вистина.

 Дополнително 15 луѓе поради оваа неразумна одлука ќе останат без своите работни места.

И јавно од ЕЛЕМ барам да ја преиспита одлуката и да го отвори ски центарот “Копанки”, бидејќи здравиот живот и спортувањето се единствениот одговор на загадувањето од РЕК “Битола”

Затоа ЛДП уште еднаш ја афирмира својата програмска определба од 2011 година седиштето на ЕЛЕМ да се префрли во Битола.

Еве доказ дека патрката е одлична за скијање. А најавите за нови врнежи од снег ја прават оваа нивна одлука дури и смешна.

(ФБ статус на Горан Милевски, лидер на ЛДП)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...