Поранешниот претседател на Државната комисија за спречување на корупција Горан Миленков поднесе оставка.
Неговата оставка е доставена до Собранието.
Миленков оставката ја поднесува нецела недела по објавениот ревизорски извештај на УЈП за работата на членовите на ДКСК.
Тој претседаваше со Комисијата пред актуелниот претседател Игор Тантуровски. Ќе остане запаметен по тоа што одржа прес конференција по повод анкетниот лист на поранешниот премиер, Никола Груевски, на која ги молеше новинарите да не го чепкаат неговиот имот.
Во извештајот се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.
За извештајот на ревизорите за Антикорупциска, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.
Претседателот на Антикорупцика, Игор Тантуровски, пак, негира дека има незаконитости во работата на Комисијата и рече дека нема да поднее оставка.