Актуелниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, одговори на понудата на раководството за потпишување нов тригодишен договор.
Милан му понуди на Гатузо десет пати повисока плата од моменталната која изнесува 120.000 евра годишно.
Сепак, за Гатузо не е спорна финансиската понуда, туку неговите барања се останување во клубот на Давиде Калабриа и Патрик Кутроне.
Предводникот на Милан смета дека врз овие двајца играчи треба да се базира иднината на тимот, додека за голманот Донарума даде зелено светло, бидејќи, како што изјави, не сака во тимот играчи кои ја нарушуваат атмосферата.
ФОТО: EPA/Daniel Dal Zennaro