Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ се изрази позитивно за аргентинскиот голгетер Мауро Икарди.
Името на фудбалерот на Интер се почесто се споменува за трансфер на „Сантиаго Бернабеу“ и Србинот верува дека тој би одговарал идеално во составот на „кралскиот клуб“.
– Очекувам Реал Мадрид повторно да стане вистинскиот Реал Мадрид следната сезона. Со други зборови, очекувам сериозни трансфери, кои недостасуваа во последниве години. Имаат потреба од централен напаѓач, а во моментов Икарди и Кејн бележат многу. Можам да ви кажам кој од нив лично ми се допаѓа. За разлика од Англичаните, Аргентинците никогаш немале проблем со адаптацијата во Шпанија. Ми се допаѓа Икарди, бидејќи е млад, има одлично чувство за постигнување голови и исто така има клаузула за откупување – изјави Мијатовиќ.
Клаузулата на Аргентинецот е во висина од 120 милиони евра, но таа може да биде активирана само во период од две недели во јули.
ФОТО: EPA/YOAN VALAT