Мијалков и Бошкоски ќе се соочат во судница за „Тортура“

237

Нови рочиште во Кривичниот суд денеска треба да се одржат за предметите на СЈО „Тортура“ и „Триста“.

„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура” обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошкоски.

Постапувајќи по жалбата на СЈО, Апелацискиот суд го преиначи првостепеното решение и го одобри обвинението против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

На рочиштето за предметот „Триста“ во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, денеска треба да бидат сослушани пет сведоци.

Според обвинителниот акт Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

ФОТО: Слободен печат/Борче Поповски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...