Мичел во вторник пристигнува во Скопје

237

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел во вторник пристигнува во посета на Скопје, потврдија за МИА владини извори.

Мичел за време на посетата ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а како што потврдија од МНР и со шефот на македонската димпломатија Никола Димитров.

Српскиот весник „Новости“ претходно објави дека САД подготвиле пакет предлози за односите на Србија и Косово, кој ќе биде претставен при посетата на Мичел на регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...