Најдобриот аргентински фудбалер и прва ѕвезда на Барселона, Лионел Меси кој досега 34 гола на сите натпреварувања оваа сезона, изјави дека не му се важни само головите, туку и асистенциите.
Меси во последно време е повеќе тимски играч од порано.
-Порано се обидував да ја освојам топката и да ја завршам сам акцијата. Сега не е така. Се обидувам да придонесам мојот тим повеќе да игра, да имам повеќе додавања, да нема себичност. Се обидувам да го преместам тимот од одредена позиција. Трчам како што трчав и порано, но на подруг начин – истакна Меси.
Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите ја очекува пресметка со Рома, додека во шпанската Примера сигурно чекори кон трофејот.