Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси изјави дека не постои конфликт меѓу него и Пауло Дибала, но дека и двајцата се согласуваат дека тие не можат да играат заедно.
Меси се надоврза на изјавата на ѕвездата на Јувентус дека е тешко двајцата да бидат на теренот бидејќи играат на иста позиција, по што Дибала не доби повик од селекторот Хорхе Сампаоли.
– Разговаравме со Паоло и се што кажа е вистина. Тој во Јувентус има истата улога како мене. Играше на левата страна до мене и не беше корисен. Тешко ни е да бидеме на левата страна, за разлика од десната страна, бидејќи можеме да се пробиеме во средина. Јас го разбирам Дибала, изјави Меси за „Фокс Спорт“.
И покрај тоа што Дибала не доби повик за мартовските контролни натпревари, селекторот Сампаоли уверува дека тоа не значи дека ѕвездата на Јувентус нема да патува со националниот тим на Мундилаот во Русија.