Лионел Меси предвреме си замината од натпреварот меѓу Шпанија и Аргентина, откако неговиот национален тим беше совладан со високи 6:1.
Еден од најдобрите фудбалери во светот во 78-та минута ги напушти трибините на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид видно разочаран од резултатот.
Тој си отиде веднаш по шестиот гол неможејќи да ја гледа немоќта на неговите соиграчи.
Иако постоеше можност Меси да игра на овој натпревар, сепак беше одлучено поради проблемите со тетивата тој да го пропушти мечот и да се подготвува за Светското првенство.