Големата ѕвезда на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси најверојатно ќе го пропушти контролниот меч со Италија, кој ќе се одигра вечерва од 20.45 часот на „Етихад“ стадионот во Манчестер.
Носителот на пет „Златни топки“ добил лесна повреда, која ќе му попречи да земе учество во денешниот судир, пренесе „Премиум Спорт“.
Меси се очекува да се врати на следната контролна средба на „гаучосите“ со Шпанија, закажана за четврток.
Неговото место на теренот против „азурите“ веројатно ќе го заземе ѕвездата на Севиља, Евер Банега.