Меси го блокира проширувањето на аеродромот во Барселона

634
Директор на шпанска авиокомпанија, Санчез Прието, ја обвини мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси дека блокира проект за проширување на градскиот аеродром.
Според него, фудбалерот не бил согласен да прелетуваат авиони над неговиот дом, кој е на околу 10 километри од аеродромот „Ел Прат“.
– Јавно не може да се лета таму каде што живее Меси. Ова го нема никаде во светот, но тука очигледно е така – рече Прието, цитиран од „Марка“.
Се претпоставува дека Меси ги искористил своите врски со еколошките организации за да помогне да го блокира проширувањето на аеродромот.
Имотот на Меси се наоѓа во населбата „Кастелдефелс“, каде се тврди дека соседи му се неколку од неговите соиграчи, меѓу кои е и неговиот најдобар пријател Луис Суарез.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...