Меморандум за економско и образовно зајакнување на Карпош

174

Во насока на зајакнување на образованието, економскиот и културниот живот на локално ниво, Општина Карпош склучи Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики Европа за тебе – Скопје, соопшти Општината.

– Општината во изминатиот период склучи повеќе меморандуми, со цел е да се зајакне соработката со различни здруженија и организации кои во својот делокруг на работење ја имаат и локалната самоуправа. Целта на потпишувањето и на денешниот Меморандум е да покажеме дека во Карпош се чувствува една поинаква енергија и подготвеност да се соработува со интелектуалци, истакнати универзитетски професори, асоцијации и здруженија на различни полиња од општественото живеење – рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Претседателката на Институтот, Елизабета Томевска Илиевска посочила дека ова здружение во изминатиот период работело на вмрежување со повеќе институции и единици на локалната самоуправа.

Начините за соработка меѓу страните – потписнички на Меморандумот се за заедничко аплицирање на проекти, организација на работилници и на тематски конференции, истражувања и анализи кои ќе бидат корисни за Општината во процесот на креирањето на политики и проекти кои би влегле во буџетските програми.
Присутните заклучија дека особено значење ќе имаат активностите од областа на образованието и вклучување на наставниот кадар и учениците во детектирање на секојдневните проблемите во едукативниот процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...