Малолетник цртал кукасти крстови на музејот „11 Октомври“ во Прилеп

138

Против 15-годишник од Прилеп е поднесено посебно известување поради основано сомнение дека цртал кукасти крстови на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941 година – Участакот“ и на уште неколку други објекти.

Малолетникот К.Д. е осомничен за кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Тој на 30 јануари годинава од страна на полициски службеници бил забележан како црта кукасти крстови на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941 година – Участакот“ кој е споменик на културата и на уште неколку други објекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...