Вчера во 17,10 часот вработен во СУГС „Арсени Јовков“ пријавил дека на улица „Костурска“ надвор од училишниот двор физички бил нападнат 16 – годишен ученик од село Студеничани, скопско.
Според пријавата, ученикот бил нападнат со метална палка од страна на 16- годишно лице, а потоа во физичкиот напад се приклучила и поголема група на малолетни лица, кои си размениле по неколку удари со тупаници и клоци.
На нападнатиот му се констатирани телесни повреди во пределот на лицето и телото. По преземени мерки и активности, во полициска станица е извршен разговор со едно 16- годишно лице кое е можен сторител на делото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање и на другите малолетни лица, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.