Малолетник на 11-годишно дете со закана со нож му украл мобилен

194

Единаесетгодишно момче од населбата Градско, движејќи се кон Автобуската станица „Велес“, било пресретнато од непознат малолетник кој му се заканил со нож и му го побарал мобилниот телефон.

Според портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, откако му го дало телефонот на разбојникот, преплашеното момче со трчање избегало кон автобуската станица.

Настанот се случил во петокот вечерта околу 17 часот.

– Вечерта околу 21.00 часот со брза интервенција на вработените полициски службеници од СВР Велес, телефонот е пронајден кај К.Ѓ. (33) од Велес и е вратен на сопственикот – информира Додевски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...