Малолетник извршил кражби во шест куќи во Тетовско

114

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 17 годишен малолетник од с.Озормиште поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“, А.А.(20) од с.Радиовце и М.А. (18) од с.Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, додека О.Б.(23) од Тетово, А.Б.(37) од Тетово и И.С.(26) за поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Во периодот од 5 јануари до 18 февруари годинава, првопријавениот со помош на А.А. и М.А. со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ги отварал влезните врати од куќите на шест лица од каде одземале телевизори, лап топ компјутер, бормашини и хилти, додека останатите пријавени ги прикриле одземените предмети иако знаеле дека потекнуваат од извршени кривични дела, стекнувајќи се на тој начин со противправна имотна корист од околу 84.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...