Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи денеска се врати во Пакистан, првпат откако талибанците ја застрелале во 2012 година, поради нејзиното залагање за образование на девојчињата.
Јусафзаи (20) на аеродром ја дочекаа строги мерки за обезбедување. Локалната телевизија ја сними со родителите во ресторанот на аеродромот, пред да замине во конвој од 15 возила, со добро вооружени полицајци.
Таа рече дека ќе продолжи да се бори за образованието на девојчињата во Пакистан.
На приемот кај пакистански премиер Шахид Хакан Абаси, Јусафзаи рече дека е многу среќна што повторно е во Пакистан, првпат од 2012 година, кога талибанци и пукаа во главата, поради активизмот. Таа, исто така, рече дека откако да ја напуштила земјата, секогаш мислела на враќање.
Абаси истакна дека е среќен што може да и посака добредојде во домот и дека тероризмот во Пакистан е елиминиран. Нејзиното враќање во Пакистан беше тајна и не се знае колку долго таа ќе биде во Исламабад и дали планира да оди во родниот град Сват, каде што ја нападнаа талибанци.