Макрон ќе настапи во претставата „Петар и волкот“

168

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го има своето театарско деби, барем како претседател, настапувајќи во музичката бајка „Петар и волкот“, што ќе биде изведена во Елисејската палата.

Макрон ќе ја има улогата на наратор на приказната. Музиката за делото, напишано од Сергеј Прокофиев во 1936 година, ќе ја изведува оркестарот на Републиканската гарда.

На настанот затворен за јавноста, ќе присуствуваат болни деца, ученици и деца на воени лица. И претходно во претседателската резиденција се организирале претстави за деца, но ова е првпат Макрон активно да учествува.

На Макрон не му било потребно многу време да се подготви за улогата – тој имал закажано само две проби пред изведбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...