Македонските репрезентативци во традиционално карате освоија вкупно 17 медали на Европскиот фудокан карате куп „Дунав опен 2018” што викендов се одржа во Виена, Австрија.
Најмногу одличја се златни -12, четири се сребрени и еден е бронзен.
Златни медали освоија: Дејан Недев во кати-сениори, Емилија Јанчевска во кати и кого-кумите сениорки, Јадранка Недева во кати-постари сениорки, Димитар Витанов во кого-кумите-кадети, Иван Трпковски во ката, кихон и кихон кумите за деца, Димитри Влахо во кихон ипон кумите за деца, Дамјан Таневски во кати и џиу ипон кумите за деца и Иван Трпковски и Дамјан Таневски во енбу м/м.
На европскиот куп во Виена учествуваа 13 земји со над 180 натпреварувачи.