Академијата за боречки вештини ЗА-НЕД-ДО од Битола која е официјален претставник при [WFMC] Светскиот совет за боречки спортови и вештини за Република Македонија во периодот од 9-ти до 10-ти Март 2018 година учествуваше на првиот Балкански шампионат кој се одржа во Брчко, Федерација Босна и Херцеговина.
На шампионатот Македонија ја претставуваа 23 спортисти кои забележаа успех со освојување на 34 медали од кои 25 златни, 7 сребрени и 2 бронзени.
Доминираа борбите од боречките спортови и вештини особено во Кик Бокс како и демонстациите во самоодбрана.
На настанот учество зедоа над 400 натпреварувачи од сите земји поранешни членки на Федерацијата Југославија како и Република Словачка и Република Унгарија.
Пред почетокот на Балканскиот шампионат Златко Неделковски беше именуван за претседател на Светската организација за регионот на Балканот кој брои 12 земји членки.