Македонски државјанин уапсен во БиХ поради убиство

Македонскиот државјанин е приведен при обидот за влез во земјатана меѓународниот граничен премин Увац.

255

Припадници на Единицата на граничната полиција во босанскиот град Вишеград, синоќа го уапсиле Н.Б. (1974), државјанин на Република Македонија. Откако по проверка е утврдено дека по него е распишана потерница од Окружниот суд во Бјелина под обвинение за убиство.

Како што соопшти Граничната полиција на Босна и Херцеговина, македонскиот државјанин е приведен при обидот за влез во земјатана меѓународниот граничен премин Увац.

Приведениот им е предаден на органите за истрага, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...