СЛОБОДЕН УДАР Македонија терористичка

Идеите што се нудат како решение на проблемот се само уште еден доказ дека народот уште долго ќе живее во несигурност, напнатост и во страв дека лузните од „четвртокот“ повторно ќе прокрвават.

1408

Не останаа многу нешта, ако воопшто има такви, во чија точност не можеме да се сомневаме. Една од нив е народната поговорка – што носи денот, не носи годината. Еве, цела една година не го однесе тоа што го донесе „крвавиот четврток“, денот кога толпа насилници упадна во Собранието со цел да тепа и, евентуално, да убива пратеници.

Веќе цела година – а, повеќе од извесно е дека тој рок ќе биде продолжен на неодредено време – народот е изложен на теророт што го донесе тој ден. Расчистувањето на случајот, кое требаше да биде препуштено на соодветните органи на прогонот, ја загади целата животна средина. Нема ментален, медиумски или каков било друг сигурносен филтер што може да ги спречи отровните честички, или барем да ја намали нивната концентрација, што ги испушта случајот (не само во ноќните часови) во вид на најнови вести за нови докази, апсења, пуштања, притвори, протести, уцени, барања, пазарења…

Идеите што се нудат како решение на проблемот се само уште еден доказ дека народот уште долго ќе живее во несигурност, напнатост и во страв дека лузните од „четвртокот“ повторно ќе прокрвават. Очигледно, времето ги отвора сите рани.      

Една таква е, на пример, таа на Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која е посочена како директен инспиратор и осомничена како организатор најцрниот настан во историјата на македонската демократија. „Да бев Зоран Заев, ќе предложев закон за амнестија за сите лица што учествуваа во настаните на 27 април и ќе им простев“, вели Николовски. (З. Заев е лице со лузна на челото кое го преживеа обидот за атентат, м.з.). Како да не знае – или, можеби токму спротивното! – дека истиот овој предлог му го дадоа на шефот на државата, Ѓорге Иванов ги амнестираше сите криминалци кои десет години ја тероризираа државата и таа беше еден од клучните одлуки која ги собра насилниците на улица и им ги отвори собраниските врати. И сега очекуваат некој да каже: прости им, иако знаат што прават.

 

„Слободен печат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...