Македонија без Кирил Лазаров против Русија

7881
ФОТО: EPA / GUILLAUME HORCAJUELO

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров нема да настапи на контролниот натпревар против Русија.

Тој и се приклучи на репрезентацијата, која под водство на Раул Гонзалез ќе ја искористи ЕХФ неделата за подготовка пред мундијалскиот бараж со Романија за пласман на СП во Данска и Германија.

Капитенот ќе биде дел од тренинзите, но нема да настапи во сабота против Русија.

Изземањето на Лазаров од овој натпревар доаѓа по барање на неговиот клуб Нант.

Францускиот клуб ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите против Скјерн, а Лазаров неодамна се врати на терен по повредата.

Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...