Maнчевски од Валандово: СДСМ е за 50-50 учество на жените и мажите во политиката

95

Ние се залагаме за целосна еднаквост, за целосна рамноправност на жените и мажите во политиката. Учеството мора да биде рамноправно 50 на 50, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Валандово.

– СДСМ има политики за вклучување на жените во политикта, но и на пазарот на труд. Први бевме во многу работи први сме и во оваа затоа што веруваме дека еднаквоста е важна и позитивно влијае за развојот и напредокот на државата, додаде Манчевски.

СДСМ залага за целосна еднаквост помеѓу мажите и жените, и во Собранието, и во локалните совети,  во Влада, на секаков начин ја промовираме еднаквоста – рече Манчевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...