Во празничната сезона многу родители организираат фотографирање со желба да направат идилични фотографии од своите деца.
Девојчето Луна стана вистинска интернет сензација, а причината е нејзиниот намуртен израз на лицето кој го има на фотографијата.
Бебето е старо само 14 дена, а очигледно не било воодушевено што мора да позира пред фотографите, па направило лут израз на лицето со што насмеа многу корисници на интернет.
Родителите на малата Луна, Лори и Кристијан Мус велат дека не се изненадени од нејзиното лошо расположение, бидејќи од самото раѓање покажувала дека не ужива во тоа.
Иако очигледно не уживала во фотосесиите, фотографот Џастин Тих открил дека Луна била многу мирна цело време во текот на фотосесијата.
За снимањето искористиле топло ќебе, во кое ја обвиткале Луна и ѝ додале украси за главата, меѓутоа, овие креативни идеи не биле по нејзина мерка.
Но, и покрај лутиот израз, сите се согласиле дека Луна е навистина неодолива.
FOTO: Instagram/Printskrin