Mорж потопи брод на руската морнарица

1193

Моржеви на Арктикот нападнале и потопиле брод на руската морнарица, кој во тоа време бил на експедиција.

Реморкерот Алтај од Северната флота на Руската морнарица бил на пат кон архипелагот Земја на Франц Јосиф и превезувала научници од руското географско друштво, јави Сајнс Алерт.

За да стасаат до копното, членовите на експедицијата морале да употребат мали десантни бродови, а еден од нив бил нападнат од женка морж, која на тој начин се обидела да ги заштити своите младенчиња. Списанието Барентс опсервер денеска соопшти дека во близина на моржот во тој момент се наоѓал дрон, но не е потврдено дека тој бил причина за агресивното однесување на животното.

Руската морнарица информираше дека во минатонеделниот инцидент опремата не била оштетена.

– Моржевите нападнаа еден од помалите бродови во експедицијата. Бродот потона, а за среќа е избегната трагедија благодарејќи на реакцијата на водичот на нашата група. Сите учесници во експедицијата успешно стасаа на копно, се наведува во соопштението од руската морнарица.

Експедицијата на Северната флота на руската морнарица започна на 15 септември, а се предвидува да трае до крајот на месецот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...