Сопственикот на Формула 1, Берни Еклстон (88) од 2012 година е во брак со Фабијана Фолси, која е 45 години помлада од него, а овојпат вниманието во јавноста го привлече нешто сосем поразлично…
Берни неодамна бил виден на шопинг по лондонските улици, а друштво му правела неговата 43-годишна сопруга, со која се венчал во август 2012 година.
Тие биле на шопинг во некоја продавница за опрема за јога, но овојпат вниманието не го привлекла разликата во годините помеѓу парот, туку неговата неможност да го отвори левото око од непознати причини.
Берни е четвртиот најбогат човек во Велика Британија, со богатство кое се проценува на 4,2 милијарди долари, а првпат се венчал во далечната 1952 година со Авј Бамфорд со која ја има ќерката Дебора.
Тука била и седумнаесетгодишната врска со Туан Тан, која завршила во 1984 година кога неговата втора сопруга Славица Радиќ првпат останала бремена. Во текот на 23-годишниот заеднички живот парот ги добил ќерките Петра и Тамара, а кон крајот на 2008 година, британското списание „Сан“ открило дека атрактивната сопруга се иселила од нивниот дом и побарала развод. Од бракот излегла побогата за 1.5 милијарди долари.
Фабијана Фолси, потпретседателка на маркетингот за Гранд При во Бразил му станала сопруга во 2012 година. Иако по разводот од Славица изјавил дека повеќе не планира да се жени изгледа дека сè паднало во вода кога ја запознал Фабијана.
FOTO: Profimedia/Printskrin