Mедицинска сестра осомничена дека со морфиум отрула пет бебиња

243

Германската полиција испитува медицинска сестра осомничена за намерно труење на пет бебиња.

Полицијата од градот Улм вчера соопшти дека во плакарот на медицинската сестра пронашла шприц со мајчино млеко и морфиум. Таа е осомничена дека им давала дрога на пет предвремено родени деца со намера да ги убие, пишува Дојче веле.

Во раните утрински часови на 20 декември, пет новороденчиња во Медицинскиот центар на Универзитетот во Улм одеднаш почнале да имаат животозагрозувачки проблеми со дишењето.

Полицијата соопшти дека на бебињата веднаш им била укажана потребната лекарска помош и дека лекарите сметаат дека нема да имаат дополнителни здравствени проблеми.

Болницата стапила во контакт со полицијата откако открила голема количина морфиум во урината на децата кои имале проблеми со дишењето. Потоа, полициските службеници извршиле претрес во соблекувалната на медицинскиот персонал и во плакарот на една медицинска сестра пронашле шприц со мајчино млеко премачкан со морфиум.

Неименуваната медицинска сестра сè уште не е официјално обвинета, но се води истрага за сомневање за пет точки од обвинението за обид за убиство и сериозно телесно оштетување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...