Лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски потврди дека ќе се пријави на огласот што го објави Владата за шест посебни советници на премиерот, Зоран Заев. Бошкоски најверојатно ќе биде советник за странски ивестиции.
Владата, освен советник за странски инвестиции бара советник за транспорт и врски, за спроведување на Рамковниот договор, за мултикултурално општество, за транспарентност и отчетност, за млади и спорт. Платата на советниците ќе се движи од 25.000 до 50.000 денари.