Сѐ позасилени се шпекулациите дека Љубчо Георгиевски ќе се врати во ВМРО-ДПМНЕ и да биде главен адут на партијата за вонредните избори што сегашниот лидер Христијан Мицкоски би можел да ги побара уште во јуни.
– Ако оваа влада не го реши спорот со Грција, извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ во јуни ќе побара вонредни парламентарни избори – тврди за Плусинфо добро упатен извор.
Лидерот Мицковски, во гостување на Канал 5, потврди дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го види во своите редови поранешниот лидер Љупчо Георгиевски.
– Јас во животот немам концесија. Моја единствена цел е да анимирам што е можно поголем број луѓе и целни групи за да ја поразиме оваа деструктивна политика на Заев. Апсолутно не станува збор за никаква концесија и ветувања. Сето ова го правам со цел да ја направам Македонија подобро место за живеење. Нашата цел е победа на следите избори и 61 пратеник. Не сме се виделе со Љубчо од пред Нова година, но планирам да остварам средба, да ја продолжиме нашата комуникација и зошто да не, доколку имаме заедничка цел, да ни се придружи – изјави Мицкоски.