Истрагата на Роберт Мјулер за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016 собира факти што носат плодови. Во меѓувреме, се шират шпекулациите дека претседателот Трамп ќе го отпушти Мјулер. Трамп, наводно, веќе се обидел, но се откажал само откако адвокатот на Белата куќа, Дон Мекган, се заканил дека ќе поднесе оставка, пишуваат Ричард Блументал и Рик Перлштајн за Слејт.
Ако претседателот го повтори обидот, ако некој претставник на Белата куќа се согласи, вербата во нашите демократски институции ќе виси на конец.
Заштитата на Мјулер и неговата истрага – особено во моментот на нејзината максимална ранливост – е нешто најважно. Пример за тоа имаме во историјата.
На 30 април 1973 година, и покрај фактите дека Белата куќа учествувала во прикривањето на доказите во аферата Вотергејт, претседателот Ричард Никсон објави дека разрешува неколку личности од администрацијата, вклучувајќи го и јавниот обвинител. Како негова замена, Никсон го постави неговиот почитуван секретар за одбрана, Елиот Ричардсон. Во обид да одговори на неговите критичари, претседателот го најави, судбоносното: „jас му реков дека ако смета дека е потребно, тој има овластување да именува специјален обвинител за прашања што произлегуваат од случајот“.
Незадоволни, сенаторите од двете партии одбиле да поверуваат дека Ричардсон би поставил таков „специјален обвинител“ кој би бил навистина независен.
Тие преовладаа, па Ричардсон мораше да даде писмено ветување во кое вети дека специјалниот обвинител „навистина ќе биде независен орган во рамките на Министерството за правда“ и дека „тој ќе биде предмет на отстранување само поради вонредни неправилности од негова страна“. Потоа Ричардсон го именува Арчибалд Кокс како специјален обвинител кој беше изгласан за главен обвинител.
Тој јули, кога Вилијам Рукелсхауз е именуван за заменик-јавен обвинител, Комитетот за правосудство при Сенатот, извонредно предвидувајќи ги можните настани, го доби истото ветување: дека Рукелсхауз нема да го отпушти Кокс освен во случај на „вонредни нерегуларности“.
Секој студент поа американска историја знае што се случи потоа. Во саботата, на 20 октомври. 1973, Кокс сакал да го принуди претседателот да ги предаде снимките од Белата куќа. Шефот на кабинетот на Белата куќа, Александар Хеиг, му наредил на Ричардсон да го отпушти Кокс.
Ричардсон, со писмено цитирање на своето ветување што го дал на сенатската Комисија за правосудство, ја одбива наредбата и дава оставка. Рукелсхаус, кој стана главен јавен обвинител, ја доби истата наредба од Хеиг, но и тој поднесе оставка.
Следното лице во синџирот на команда во Одделот за правда беше јавниот обвинител Роберт Борк, од кој не беше побарано ветување во врска со специјалните обвинители за време на неговото сослушувања пред да стапи на функција, претходниот јануари.
И Борк се повинува на наредбата на претседателот и се случи „Масакрот во саботната вечер“.
Следеше цунами од јавен бес. Речиси половина милион телеграми со протести беа испратени до федералните власти во следните две недели. Благодарение на тој излив, истрагата за претседателот Никсон продолжи, сега со нов специјален обвинител, чија позиција беше одобрена со закон од страна на Конгресот.
Со одбивањето да го отпуштат Кокс, Ричардсон и Рукелсхаус се покажаа како мажи од збор. Ако не беше побарано да потпишат ветување, тие можеби ќе ги следеле наредбите на Белата куќа. Всушност, Ричардсон тогаш укажал дека ако не било писменото ветување пред Конгресот дека ќе го заштити Кокс, тој би се чувствувал должен да го отпушти кога тоа ќе се побара од него.
Денес, кога Конгресот е партиски контролиран не може да се смета на зачувување на независноста на Мјулер. Некои републикански членови, кои очигледно попрво би ја загрозиле американската демократија отколку да дозволат некој во Белата куќа на Доналд Трамп да пропее, побараа дури и кривично да се гонат службените лица од Министерството за правда кои учествуваат во истрагата.
Затоа врвот на Министерството за правда мора да го обезбеди тоа што се побара од Ричардсон и Рукелсхауз во 1973 година: писмена и јавна обврска дека нема да се мешаат во истрагата на специјалниот обвинител за руското влијание во изборите во 2016 година, секој можен договор со Русите од страна на кампањата на Трамп и сродните напори за попречување на правдата.
Деветте членовите на Комитетот за правосудство на Сенатот побараа овие лица да потпишат исто таква обврска. Овие официјални лица се заколнати дека ќе го поддржат владеењето на правото и заштитата на Уставот. Тоа мора да опфати и одбивање на учество на било каков начин во прикривање на вистината од американската јавност и да го спречат секој обид на претседателот да ја попречи правдата.
Очекуваме дека тие кои ја носат одговорноста за заштита на интегритетот на американските институции јавно ќе се обврзат дека истрагата може да продолжи без мешање. Затоа што слободата во Америка зависи од тоа.
(Ричард Блументал е демократски сенатор од Конектикат и член на Комитетот за правосудство во Сенатот.
Рик Перлштајн е автор на „Невидливиот мост: Падот на Никсон и Подемот на Реган.)
Подготви: А.Ј.