Кливленд Кавалирс на домашен терен ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 107:102 и стигнаа до седмата победа на последните осум натпревари.
Меѓутоа, натпреварот го одбележа Леброн Џејмс кој реализираше 27 поени, 11 скокови и девет асистенции и со тоа го урна рекордот на Мајкл Џордан по бројот на натпревари во низа на кои постигнал над десет поени.
Од останатите играчи на Кливленд, Кларксон постигна 23 поени, а Худ реализирашец 16.
Во редовите на Њу Орлеанс најефикасен беше Холидеј со 25 поени, а Миротиќ реализираше 20.
Кавалирс сега се трети на Истокот со 46-30, додека Пеликанс се осми на Западот со 43-33.