Лажните вести нa Твитер се шират 70 отсто побрзо од вистината

129
ФОТО: EPA/ABEDIN.TAHERKENAREH

Лажните вести на Твитер се шират побргу и подалеку од вистината, а таа нерамнотежа во поголема мера ја создаваат луѓето отколку таканаречените ботови, компјутерските програми за комуникација на интернет сервисите.

Во студија на истражувачи од Институтот за технологија во Масачусетс проверени се речиси 126.000 вести кои ги поделиле три милиони луѓе на Твитер од 2006 до 2017 година, а истражувачите утврдиле дека 70 отсто е поголема веројатноста дека меѓу корисниците на оваа социјална мрежа ќе се делат лажни вести.

Студијата, која е објавена во списанието „Сајнс“ е едно од најсеопфатните настојувања да се процени динамиката за ширење лажни вести на социјалните мрежи.

Твитер и други социјални мрежи како Фејсбук се под лупа на властите на САД и други меѓународни регулатори, кои тврдат дека социјалните мрежи прават премалку за да се спречи ширењето лажни вести.

Истражувачите забележале зголемување на лажни вести за време на претседателските избори во 2012 и 2016 година.

– Лажните вести значително побрзо и подалеку се шират од вистината во сите категории информации, но тоа било понагласено во случаи на лажни вести за тероризам, природни катастрофи, наука, урбани легенди или финансиски информации, соопштија истражувачите.

Иако студијата била фокусирана на Твитер, истражувачите рекле дека нивните наоди можат да се применат и на други социјални медиумски платформи, вклучувајќи го и Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...