Лажна закана за поставена бомба во студиото на Сител

137

Вчера околу 21 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека непознато лице се јавило во телевизија „Сител“ и кажало дека во студиото имало подметнато експлозивна направа.

На местото на настанот се упатиле полициски службеници и екипи од Единицата за антитероризам, по што била извршена евакуација на вработените.

По извршениот преглед и увид било констатирано дека се работи за лажно пријавување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...