Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во УБК кои го открија скандалот со прислушувањето во Македонија, во Приштина денеска добија „Награда за слобода на говорот“, објави А1он.
– Можевме да избереме: Да игнорираме или да бориме. Убеден сум дека го направивме вистинскиот избор. Целиот свет ја слушна детонацијата на „бомбите“ во Македонија. Резултатот што го постигнавме беше над нашите најоптимистички очекувања – изјави Лазаревски.