Латас не дојде, „Тотал“ одложен за 11 април

425

Главната расправа за предметот „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок, е одложена за 11 април.

Денешното рочиште во Кривичниот суд не се одржа бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини.

Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра.

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочишта и за предметот „Топлик“ во кој обвинети се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...