Љаиќ: Проблемот со брашното наметнат од силното мелничко лоби во Македонија

Доколку наскоро не се постигне договор, извозот на брашно во Македонија, која е трет извозен пазар за Србија, може да биде доведен во прашање, изјави Љајиќ.

1266

Според министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љаиќ се уште не е постигнат договор со Македонија околу проблемот со извозот на српското брашно во Македонија.

– Доколку наскоро не се постигне договор, извозот на брашно во Македонија, која е трет извозен пазар за Србија, може да биде доведен во прашање, а тоа се меѓу 30-40.000 тони брашно годишно, или според проценка на млинарите штетата би била 200.000 евра месечно – изјави вечерва за ТВ Н1 министерот Љајиќ.

Тој проблемот го лоцира во силното мелничарско лоби во Македонија.

– Едно се објаснувањата, но јас мислам дека се работи за силното млинарско лоби во Македонија, кое секоја година успева да наметне некоја од вонцаринските бариери, за да би ги заштитиле своите економски интереси. Тука нема, пред се, некаква политичка логика, туку се работи за поединечни интереси т.е. групни интереси на лицата во Македонија кои се во тој бизнис – изјави Љаиќ.

Покрај мелничкото лоби од Македонија, министерот Љаиќ причината за новите бариери ги гледа и во спречувањето на сивата економија, поради што во Скопје испратил предлог договор со кој долгорочно би се решиле проблемите.

– Паралелно со тоа, да работиме заедно за намалување на шверцот, бидејќи нашите маркици често завршуваат во Косово, а потоа се лепат на брашното произведено во Косово, по што се врши извоз во Македонија. Се разбира, има и немаркирано брашно и тоа се факти што ние ги почитуваме, но тоа не е начин да се казнуваат чесните извозници кои работат според нашите и според македонските закони – додаде Љајиќ.

Текстот на предлог-договорот предлага имплементација на потпишаните договори за признавање на сите сертификати меѓу двете земји, како и формирање заеднички Комитет кој во рок од еден месец треба да ги идентификува и да ги отстрани вонцаринските бариери.

– Доколку Србија и Македонија не постигнат договор, алтернатива е продолжување на примената на мерки и контрамерки, од кои штета ќе имаат стопанствениците на двете земји, а секако дека на овој начин ќе бидат загрозени и вкупните билатерални односи меѓу Србија и Македонија и затоа ќе гледаме на секој начин да дојдеме до взаемно прифатливо решение на овој проблем – изјави Љаиќ.

Српските медиуми денеска пишувајќи за проблемот со брашното меѓу двете земји, го наведоа податокот дека штетата за Србија би била околу 10 милони евра, колку што изнесува извозот минатата година, што е четвртина од вкупниот извоз што Србија го остварува со извозот на нејзиното брашно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...