Куочи: Не знам дали идејата за размена на територии е само идеја или шпекулација

1059

Командантот на КФОР Салваторе Куочи изјави дека не знае дали идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово е само идеја или шпекулација, но тоа е нешто што „може да поттикне други ситуации ширум Балканот”, пренесуваат косовските медиуми.

– Ние не сме дел од ова, не сме вклучени во овој процес. Не знам дали тоа е само идеја или се само шпекулации – вели Куочи.

– Кога зборуваме за размена на територии, тоа е нешто големо и не е поврзано само со Косово и Србија. Но, се разбира, тоа не е наш мандат, оваа одлука се носи на највисоко ниво и тоа не е одлука, која се носи само во Приштина и Белград – додаде тој.

– Сепак, без оглед на решението, ние сме тука да го поддржиме мировниот процес, бидејќи што и да се направи, тоа мора да се направи на исклучително мирен начин – вели Куочи.

Запрашан дали мисли дека постои ризик да се врати минатото на Балканот, Куочи вели оти не верува дека било која земја сака враќање во минатото.

– Балканот е во Европа и Европа не сака Балканот да биде жариште како што беше во минатото – подвлече Куочи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...