Општина Куманово распиша јавен оглас за набавка, транспорт и монтажа на урбана опрема за што ќе одвои милион и двесте илјади денари.
Градоначалникот Максим Димитриевски го осуди вандалското однесување на граѓаните и уништувањето на сообраќајни знаци, клупи, мобилни тоалети и друга урбана опрема.
– Упатувам апел до граѓаните да го чуваат опшетствениот имот. На родителите им порачувам да поразговараат со нивните деца – изјави градоначалникот Димитриевски по неодамнешното уништување на дел од урбаната опрема.
За неколку месеци ова е второ уништување на урбаната опрема.