Кржаловски, Нелоски и Василевска нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

659

Лука Кржалоски, Владимир Нелоски и Иванка Василевска се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Централниот комитет на партијата.

Централниот комитет едногласно го поддржа Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски останува во највисокото партиско тело на партијата. Нелоски беше претседател на УМС цели четири години.

За нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше изгласана и професорката на правниот факултет Иванка Василевска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...